Научниците од Јужна Кореа пронашле начин некому да ја „измерат” должината, а да не користат лењир. Тајната лежи во односот на должината на показалецот и домалиот прст. Колку ви е помала разликата во нивната должина, статистички поголема е веројатноста да имате подолг пенис …
Научниците тврдат дека овие две работи се поврзани преку изложеноста на фетусот тестостерон и другите хормони во матката. Покрај тоа, разликата во должината на овие два прста влијае и на сперматозоиди на човекот, шансите за срцев удар, густината на влакнатаи други работи.
Истражувањето спроведено на 144 мажи на Умиверзитетот Gachon покажало дека пенисот на просечен маж е 7,7 сантиметри во целосно опуштена состојба, додека просечната должина во полна ерекција изнесува 13,7 сантиметри.
Просечниот однос на должината на показалецот и домалиот прст бил 0,97 во корист на домалиот прст, а овој број меѓу испитаниците барирал помеѓу 0,88 и 1,12. Овие разлики се едвај забележителни човечко око, но се покажале интимно поврзани за да се процени на должината на пенисот.
Иако овој “тест” не е 100% сигурен, веруваме дека тоа нема да ве спречи со добар изговор на неколку секунди да проверите дали има смисла да се трудите околу некој фраер кој ви се допаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.