| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани „оперирале“ на охридските плажи

pestani ohrid njuz foto2Тројца жители на Скопје осомничени дека се извршители на дванаесет казнени дела при што се стекнале со противправна имотна корист од близу три илјади евра, се приведени и проти нив се поднесени кривични пријави, информираше во неделата Секторот за внатрешни работи Охрид

Пријавите се поднесени против 22-годишните М.М и Т.Е., како и против една година помладиот М.М., сите од Скопје поднесе кривична пријава. Пријавата се однесува на постоење основи на сомнение дека првопријавениот М.М. сторил 12 казнени дела од кои една разбојничка кражба, десет тешки кражби и една кражба, додека другите двајца сториле 12 казнени дела „помагање“.

Првопријавениот, инаку, иако имал определена мерка „куќен притвор“, го напуштил својот дом во Скопје и во текот на јули во Охрид и околните места, заедно со другите двајца ги извршиле казнените дела. Тој со употреба на физичка сила, со нож и друг подесен алат насилно ги отворал влезните врати и прозорците, влегувал во повеќе станови и куќи, вршел пребарување и одземал пари, златен накит, фото апарати и други вредни предмети.

Скопјанецот ги користел приликите и низ незаклучени или отворени влезни врати влегувал во домовите, вешто се качувал до првиот кат и низ балконските врати влегувал и ги пребарувал собите. Со подесен алат и насилно ги кршел буренцата од влезните врати и прозорските стакла а во автокампот „Градиште“ со кинење на заштитната мрежа влегувал во приколките и одземал пари и сé што е вредно. На плажата „Акапулко“, на пример, го искористил невниманието на еден странски државјанин и од лежалката одзел чанта со пари, рачен часовник „Таг Хауер“ и други предмети.

Додека првопријавениот ги извршувал кривичните дела, другите двајца ги набљудувале куќите и становите, и му обезбедувале непреченост во извршувањето на тешките кражби. Тие, исто така, му обезбедиле и автомобил, како и сместување во автокампот „Градиште“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top