| четврток, 6 декември 2018 |

Американската армија продолжи со воздушни напади врз позиции на Исламска држава

US President Barack Obama speaks at White House

Американската армија продолжи да бомбардира позиции на вооружени екстремисти на Исламска држава во Ирак истовремено доставувајќи и пакети храна и вода за повеќе илјади раселени жители кои се засолниле на планината Синџар.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа вети дека со воздушните удари ќе им се помогне на цивилите, припадници на верската заедница јазиди, кои џихадистите ги опколија во планинскиот реон, но нагласи дека нема брзо решение за новонастанатата криза.

Американската Централна команда соопшти дека нова трета тура помош во храна и вода исфрлиле авиони.

Во текот на вчерашнито ден биле извршени четири напади врз припадници на Исламска држава при што се уништени оклопни возила и камиони.

Обама во четвртокот одобри воздушна хуманитарна помош за припадници на малцинства на север во Ирак како и воздушни напади врз припадниците на Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top