Најдобриот стрелец на последното светско првенство во Бразил Колумбиецот Џејмс Родригез доби специјално дизајнирани копачки кои ќе има прилика да ги носи додека настапува за Реал Мадрид следната сезона.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) вчера му го врачи трофејот „златна копачка“ на Родригез. Заедно со трофејот „Адидас“ дизајанираше и специјални копачки кои ќе ги носи исклучиво играчот на натпреварите за Реал Мадрид. Произведе само шест пара по еден за секој постигнат гол на мундијалот. На надворешната страна има напишано порака дека се произведени за најдобриот играч на светското првенство.
Првиот пар од лимитираниот број на копачки лично Џејмс Родригез ги подарува преку својот твитер профил „@jamesdrodriguez“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)




