| четврток, 6 декември 2018 |

Српска пченка со афлатоксин откриена во Германија

житоВо германската покраина Долна Саксонија се откриени најмалку десет илјади тони контаминирана пченка, по потекло од Србија, која е наменета за исхрана на добиток, соопшти покраинското Министерство за земјоделство. Германскиот весник „Шпигел“ пишува дека станува збор за најмалку десет илјади тони пченка затруена со габи, афлатоксин Б1 и додава дека пченката е испорачана за околу 3.500 домаќинства во покрината Долна Саксонија. Германија вкупно увезува 45 илјади тони пченка, од кои десет илјади се пуштени во употреба, а останатите се наоѓаат во магацини.

Околу десет илјади тони се испорачани од 13 фирми за производство на сточна храна, кои користат пченка за производство на храна за свињи, говеда и за живина. Добиточната храна е испорачана во Долна Саксонија и во Северна Рајна Вестфалија, а во помал дел и во Саксонија Анхалт, Бранденбург, Шлезвиг Холштајн, Мекленбург – Западна Померанија и Саксонија. Дозволената количина на афлатоксин Б1 изнесува 0,02 милиграми по килограм. Во испораката од Србија имало 0,204 милиграми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top