| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот на Донецката Народна Република побара примирје

Премиерот на самопрогласената Донецка Народна Република, Александар Захарченко, денеска побара примирје од хуманитарни причини, откако призна дека силите на украинската Влада го опколиле градот Доњецк, главното упориште на проруските сили.
doneck
Тој побара прекин на огнот за да се спречи Донецк да стане новиот „Сталинград“, но, исто така, се заколна дека ќе се бори до крајот доколкку таквиот предлог биде отфрлен, јавија француските медиуми.
Захарченко кажа дека проруските сили се подготвени на примирје за да се избегне се поголемата хуманитарна катастрофа.
-Ние се надеваме дека меѓународната заедница ќе влијае врз крвожедната влада во Киев, изјави Захарченко за руските медиуми.
Украинската армија утринава го освоила градот Красниј Луч во Луганската  област, по што Донецк и Горловка се најдоа под целосна опсада, пренесоа руските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top