| четврток, 6 декември 2018 |

Се изборел со смртоносната болест: Исповед на човек кој ја преживеал еболата

Овогодинешната епидемија на ебола зеде голем замав и е една од најлошите кои светот ги видел некогаш. Вирусот досега однесе 961 животи со 1779 потврдени и наводни случаи на зараза, но и покрај страдањата и маките, постојат луѓе кои успеале да ја победат еболата, иако се ретки.

ебола

За оваа болест не постои лек, но можно е да се победи. Смртноста за овогодинешната епидемија изнесува 60 отсто, но се очекува овој број да расте.

Саа Сабас, поранешен медицински работник од Гвинеја го сподели своето искуство во борбата со болеста.

saa-sabas

Тој рекол дека се заразил со ебола додека се грижел за друг пациент. Отишол во болница кога температурата му зе покачила и тогаш разбрал дека неговите тестови се позитивни на ебола.

– Треската траеше два дена, а третиот ден добив дијареја. Тоа траеше четири дена, се до седмиот ден кога добив дизентерија. На самиот крај, се сеќавам, толку ме болеше грлото што не можев да јадам. И порано имав треска, но никогаш немав дијареја. Сето ова ме правеше многу исцрпен – вели Сабас.

Еболата многу лесно може да биде помешана со грип на самиот почеток, но болеста брзо се развива, често предизвикувајќи внатрешно и надворешно крварење, оштетувања на органите и смрт.

Сабас рекол дека бил лечен со орални лекови, инфузија како и дека бил добро хранет. Со време неговата состојба се подобрила.

Овој вид поддршка и грижа – обновување на течностите кај пациентот, борба со секундарни инфекции кога е потребно и одржување на пациентот во живот доволно долго да неговиот имун систем може да се избори со еболата, може во значителна мера да го подобри резултатот.

На самиот крај, по 13 дена боледување, Сабас ја преживеал болеста на која многумина гледаат како смртна казна. Кога ја напуштил болницата, лекарите му дале сертификат со кој се тврди дека повеќе не е болен од ебола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top