| четврток, 6 декември 2018 |

Опадна поддршката за независноста на Шкотска

skotska

По првата тв-дебата што се одржа неделава, опадна поддршката за независноста на Шкотска. Ова го покажуваат резултатите од истпитувањето на јавното мнение.

Според резултатите од анкетата, 50 отсто од испитаниците изјавиле дека на референдумот на 18 септември планираат  да гласаат против независноста. На референдумот се одлучува дали  Шкотска ќе ја прекине унијата со Англија, што трае 307 години, наведоа британските медиуми.

Анкетата покажа дека никогаш не била поголема поддршката за продолжување на унијата со Англија. Само 37 отсто од анкетиранире изјавиле дека ќе гласаат за независноста додека 13 отсто испитаници биле неопределени.

Доколку се  изземат незаинтересираните избирачи, независноста ја поддржуваат само 43 отсто, а останокот во унијата го сакаат 57 отсто Шкотланѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top