| четврток, 6 декември 2018 |

Криза за лекови во Грција

Greece's pharmaciesВо Грција се очекува сериозна фармацевтска криза откако водечките светски производители предупредија дека ги прекинуваат испораките кон земјата поради ниските цени и неможноста да ги наплатат своите побарувања. Во моментов во Грција стотици лекови многу тешко се наоѓаат или воопшто ги нема во аптеките, меѓу кои се лековите за терапија при артритис, хепатит Ц, антибиотици, психотропни препарати имуномодулатори и други.

Во Атина е објавен список со 50 компании кои планираат да ја прекинат својата продажба во земјата, на кој, меѓу другите, се и „Физер“, „Рош“, „Санофи“ и „Глаксо Смит Клајн“. Меѓународниот Црвен крст, исто така, соопшти дека ќе го намали дотурот на крв за Грција. Причината е иста – неплатени сметки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top