| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец истепал татко и син

tepacka

Охриѓанец доби кривична пријава поради насилство откако со метална шипка нападна татко и син, негови сограѓани, им нанел повреди како и оштетувања на нивниот автомобил. Инцидентот се случил во четвртокот, соопштуваат од полицијата, кога 31-годишниот А.Р. го нападнал 26-годишниот Д.Т. и неговиот татко М.Т. на возраст од 55 години. Освен што им нанел телесни повреди, насилникот го оштетил и автомобилот „дачија логан“ во сопственост на таткото.

Пријателот на А.Р., 38-годишниот И.Д., спречил поголеми штети кога му ја одзел металната шипка и ја скорил. И покрај тоа И.Д. ќе одговара и за помагање во извршување кривично дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top