
Во угостителскиот објект „Паб Корнер“ во Кратово по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, полициски службеници излегле на местото на настанот.
При приведување на 41-годишниот С.И. лицето Н.П.(27) од Кратово, ги спречувало полициските службеници во вршење на службени дејствија, при што еден од полициските службеници се здобил со телесни повреди во пределот на десната нога. Истиот е пренесен во Здравствениот дом во Кратово, а потоа е префрлен во Медицинскиот центар Куманово.
Лицето Н.П. е лишено од слобода и задржано во полициската станица во Кратово, каде му е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,61 промили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицаец нападнат во Брисел, властите истражуваат дали е тероризам
-
Полицаец истепан кај салата „Борис Трајковски“
-
Ќе те кажам на мажот: Полицаец уценувал тетовка откако таа одбила да ја продолжи врската со него
-
Пијан ја тепал сопругата и децата, ги заклучил четирите деца во соба, најмалиот се оснесвестил


