| четврток, 6 декември 2018 |

Самуел Ето блиску до договор со Ајакс

Најдобриот камерунски репрезентативец ветеранот Самуел Ето е на добар пат да потпише договор со најтрофејниот холандски тим Ајакс.
Ајакс е тим кој форсира млади таленти и многумина со чудење ја прифатија веста дека Ето е блиску до преселба во Амстердам.

– Ето има 35 години и сеуште е гладен за победи. Тој сака да продолжи со успешната кариера токму во нашиот клуб. Кога имаме шанса да потпишеме договор со играч од светска класа тоа ќе го сториме. Со тоа нема да ја блокираме политиката на клубот за развој на млади играчи – изјави спортскиот директор на клубот Марк Овермарс.

Ето најголемите фудбалски успеси ги постигна со Барселона и Интер со кои ја освои Лигата на шампионите. Последната сезона ја одигра за Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top