| четврток, 6 декември 2018 |

Во Суботица: Погребана Тијана Јуриќ

tijana-pogreb

Неколку илјади луѓе се собрале на градските гробишта во Суботица, Србија да се збогуваат со 15-годишната Тијана Јуриќ, која беше силувана и свирепо убиена.

Не постоел човек кој на заплакал додека нејзината мајка Мирјана, која едвај стоела на нозе, тивко низ солзи ја довикувала својата Тијана. Плачеле дури и свештениците додека ја опевале, пренесува српски „Курир“.

„Дете мое, среќо моја, не оставај не, те молам“ –викала нејзината мајка, потпрена на сопругот Игор. Од другата страна на Игор, потпрена била сестрата на Тијана, која низ солзи прашувала како ќе живее без нејзината сестра.

Опростувајќи се од Тијана, нејзиниот вујко Милан, рекол дека зборовите не се доволни да опише каква била Тијана.

– Беше добра и мила 15-годишна девојка, која на сите им се вовлекуваше под кожа. Следната година нема да биде запишана на училиште, а нејзиното виолончео престана да свири. Тијана беше гордост на најзините родители, културна и добро воспитана. Успеа да ги обедини Србија, Европа и светот.  Влезе во срцето на сите луѓе, а ова е само дел од она што за тебе би требало да се каже. Ќе ни недостигаш, рекол нејзиниот вујко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top