
Албанската полиција во близина на градот Круја запленила еден тон марихуана која била подготвена за транспорт во правец на пристаништето Драч.
Во рамките на широката операција за уништување насади со марихуна полицијата во неколку подрачја во текот на вчерашниот ден уништила околу 30 илјади стебла марихуана.
Во планински предели во близина на Круја полицијата уништила повеќе од десет илјади стебла мархуана, општина Шкрел, околија Голема Малесија, на северот на земјата над 2600 стебла на марихуана, во селото Треблово кај приморскиот град Валона околу 1900 стебла, додека во општина Пулт уништени се 14.797 стебла на марихуана.
Парцелите кои биле засадени со ова наркотично растение се на планински подрачја и немаат сопственици, односно се државен имот. Токму поради тешкиот и непристапен терен одгледувачите на ова растение ги избираат овие подрачја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


