
По повод големиот христијански празник летен „Свети Климент Охридски“ – патрон на Охрид, во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ) и Европската асоцијација на фестивали денеска и утре во Охрид ќе се одржи вториот Меѓународен фестивал на духовна музика „Тебе поем – Св. Клименте“.
Во рамките на манифестацијата вечерва од 21 часот во чест на патронот со хорски песни низ улиците на Охрид на разни локации ќе се претстават околу 120 учесници на фестивалот од повеќе хорови и оркестри од Бугарија, Чешка, Романија, Русија.
Централниот настан во рамки на манифестацијата ќе се одржи утревечер со настап на учесниците на фестивалот на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Второто фестивалско издание на Меѓународниот фестивал на духовна музика се реализира со финансиска поддршка на охридската Локална самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


