| четврток, 6 декември 2018 |

Нигерија прогласи вонредна состојба поради еболата

ebola2

Претседателот на Нигерија, Гудлак Џонатан, прогласи вонредна состојба на територијата на цела земја заради ширењето на вирусот ебола и одобри 1,9 милијарда најри (11,6 милиони долари) за неговото забавување, пренесоа британските медиуми.

Во Нигерија има седум потврдени случаи на заразени со ебола, од кои двајца починаа.

Неколку десетици лица, кои биле во контакт со заразени, се ставени под набљудување.

Нигериската национална нафтена корпорација (ННПЦ) соопшти дека ја затворила својата клиника во Лагос, откако таму бил потврден еден сомнителен случај на ебола. Пациентот, кој во клиниката пристигнал болен, пред тоа бил во друга болница, во која беше регистриран првиот случај на ебола во Нигерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top