Германската канцеларка Ангела Меркел носи иста шарена туника за специјални прилики веќе 18 години, пренесуваат денеска германските медиуми.
Германскиот „Билд“ објави фотографии на Меркел од 1996, 2002 и 2014 година на кои германската канцеларка е во иста туника со тиркизни шари.
„Бидејќи канцеларката сама ја купува облеката, за разлика од некои познати личности кои изнајмуваат скапа гардероба за важни настани, таа често носи иста облека неколку пати“, пишува весникот.
„Билд“ наведува дека Ангела Меркел е симатична за јавноста поради својата штедливост и „лојалност кон старата облека“ и дека така им влева повеќе поверение од политичките личности кои имаат 30 пара обувки направени по мерка.
Медиумите додаваат дека канцеларката сака да носи фустани од плав сатен кога оди на фестивалот „Бајројт“ да ги слуша делата на германскиот композитор Рихард Вагнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.