
Тројца украински пилоти се повредени кога проруските бунтовници синоќа погодиле хеликоптер со кој тие летале, соопштија денеска украинските власти. Вчера е соборен и украински МИГ-29, а пилотот успеал да се спаси.
„Посадата мораше итно да слета. Три пилоти се повредени и сместени на болничко лекување на територијата која ја контролираат украинските сили“ се наведува во соопштението на украинската војска која води операции на истокот од земјата. Воените портпароли не прецизираат каде точно се случил нападот.
Украинскиот борбен авион МИГ-29 исто така е соборен вчера над областа која ја контролираат проруските бунтовници. Пилотот успеал да се спаси бидејќи го пренасочил авионот кон ненаселено подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


