| четврток, 6 декември 2018 |

Грк заболен од ебола?!

greece500

Грчки пациент кој се вратил од Нигерија со симптоми што наликуваат на оние на вирусот ебола, денеска во Атина беше подложен на медицински испитувања, соопшти грчкото Министерство за здравство.

Човекот самиот отишол во болницата, затоа што стравувал за своето здравје, соопшти министерството, без да даде повеќе детали за пациентот и за неговата состојба.

Уште еден сомнителен случај за ебола вчера бил испитуван, но на крајот се покажало дека станува збор за маларија, соопшти министерството.

Експертите во Атина оценуваат дека има низок ризок од пренесување на вирусот ебола во Грција, но и покрај тоа препорачуваат да се преземат засилени превантивни мерки.

По појавата на ебола во регионот Грците беа посоветувани да не патуваат во западна Африка, освен ако тоа не е апсолутно неопходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top