Драган Ѓуриќ, кој ја уби Тијана Јуриќ, во својот исказ во полиција признал дека го задавил девојчето со тренерката што таа кобна вечер Тијана тргнала да ѝ ја врати на другарката, дознава српски „Курир“.
Ѓуриќ во исказот раскажал дека ја удрил Тијана и така онесвестена ја внел во автомобилот. Во текот на возењето, како што рекол, Тијана се разбудила и почнала да вреска и барала да ја пушти надвор. Се заканувала со полиција.
Според зборовите на монструмот, вресокот и лелекањето толку го изнервирале, што го сопрел автомобилот, повторно ја удрил во главата, а потоа ја зел тренерката што таа вечерта тргнала да ѝ ја врати на другарка и во моментот на убиството ја носела околу вратотот и ја задавил.
Во продолжение Ѓуриќ рекол дека од Тијана ја соблекол целата гардероба и го префрлил телото од задното седиште во багажникот каде што имало вреќа со хумус за цвеќе.
Монструмот ѝ раскажал на полицијата дека продолжил да вози и во еден момент решил да тргне кон Сомбор, по што го запрел автомобилот, го извлекол телото и закопал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“



