| четврток, 6 декември 2018 |

Рибата, млечните производи и сообраќајот ги зголемија трошоците на живот

potrosuvackaЦените на мало во февруари се намалиле, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со јануари се помали за 0,1 проценти, додека трошоците на живот пораснале за 0,2 проценти.

Порастот на трошоците на живот, според Заводот, е резултат на порастот на цените на рибата за 1,9 процент, млечните производи за 1,5, преработките од овошје и месото за 0,5, свежото и киселото млеко за 0,4, производите од жито и кондиторските производи за 0,3 и на преработките од зеленчук, преработките од месо и безалкохолните пијалаци за 0,2 проценти.

Во февруари пораст на трошоците на живот е забележан и кај сообраќајните средства за 4,6 проценти, цврстите горива за 2,4, средствата за хигиена за 0,9, нафтените деривати за 0,7, други медицински производи за 0,6, електричните апарати за домаќинствата за 0,5, храната и пијалаците во рестораните и во хотелите и останати услуги неспоменати на друго место за 0,4 и лековите за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на живот е забележано кај мастите за 0,4 проценти, овошјето и алкохолните пијалаци за 0,2, авионскиот превоз на патници за 6,8, ПТТ услугите за 2,2, средствата за образование за 0,8, обувките, течните горива и гасот за домаќинствата и услугите за образование за 0,4 проценти.

Цените на мало во февруари 2013 година, во споредба со истиот месец од 2012 година, бележат пораст од 1,8 процент, а трошоците на животот пораст од 3,5 проценти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top