| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во центарот на Киев

Crisis in Ukraine

Две лица се повредени денеска при експлозија на Европскиот плоштад во центарот на Киев, јави ИТАР ТАСС.

Полициски екипи, експерти за деактивирање на експлозиви и иостражувачки екипи веднаш пристигнале на местото на инцидентот.

Очевидци тврдат дека полицијата не дозволува фотографирање на плоштадот.

„Раша тудеј“ објави дека две лица се повредени во експлозијата, која веројатно е предизвикана од рачна бомба, а истото го потврдиле и здравствените власти.

– Тешко е во моментот да се процени нивната здравствена состојба. Едниот од нив е потешко повреден и мора да биде пренесен во болница, изјави лекар, кој се наоѓа на местото на експлозијата.

Европскиот плоштад се наоѓа на само 400 метри од Плоштадот на независноста, каде антивладини демонастранти кампуваат од ноември минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top