| четврток, 6 декември 2018 |

Сандра Булок е најплатена актерка

Оскаровка Сандра Булок е најплатената актерка со заработка од околу 51 милион долари, објави списанието Форбс.

За оваа рекордна заработка на 50 годишната Булок е најзаслужен успехот на филскиот хит „Гравитација“.

Овој филски хит во кој покрај Сандра Булок главната машка улога ја толку Џорџ Клуни во светските кино сали заработи огромни 716 милиони долари, а на доделувањето на Оскарите доби дури 7 награди.

На листата на Форбс на второто место според заработката е актерката Џенифер Лоренс со 34 милиони долари , заработени со филмовите, „Американски измамници“, и „ Во добро и во лошо“.

Во Првите пет актерки според заработката се и Камерон Диаз со 19 милиони долари и Анџелина Џоли со еден милион помалку.

Форбс предвидува дека во следната година сопругата на Бред Пит , Анџелина Џоли поради успехот на цртаниот филм „Господарка на злото“ ќе биде најплатената актерка на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top