| четврток, 6 декември 2018 |

Во тепачка тешкоповрден 32-годишен маж

Во текот на ноќта во угостителскиот објект „Булевар“ во тетовкото село Брвеница почнала прво вербална расправија меѓу Н.К. (32) од с. Долно Седларце и С.Д. (22) од Р. Германија, во која се приклучил и И.Ј. (37) од с. Долно Седларце.

Ситуацијата ескалирала во физичка пресметка меѓу Н.К и И.Ј, во која Н.К. бил повреден со остар предмет во пределот на градниот кош. Тој е пренесен во Клиничкиот центар – Тетово, а поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување и за документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top