
Најдобар меѓународен оркестар според одлуката на жирито е македонскиот дувачки оркестар „Уска Кан“, а Екрем Мамутовиќ е прогласен за најдобар светски трубач.
На второто место е оркестарот „Сокол“ од Полска, а на трето место се најде „The Zuralia Orchestra“ од Романија.

Неколку стотици посетители уживаа два часа во магичните звуци на трубата додека траеше натпреварот, а победничкиот оркестар по прогласувањето продолжи да свири.
– Пресреќни сме. Да ја добиеш титулата најдобар светски оркестар, значи нешто за што фантазираат сите трубачи. Одиме понатаму – велат победниците.
Минатата година на истиот натпревар за најдобар трубач беше прогласен Демир Кантуровски, член на нашиот победнички оркестар „Уска Кан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз



