| четврток, 6 декември 2018 |

Десетмина повредени при експлозија во фабрика во Бугаријa

Десет лица се повредени утрово при експлозија во фабрика во бугарскиот град Костенец, јави БТА.

bugarija

Како што соопшти бугарското Министерство за одбрана, експлозијата се случила при пренесување муниција во фабриката во Костенец, град кој се наоѓа на околу 60 километри југоисточно од Софија.

Причините за експлозијата засега не се познати.

Бугарското Министерство за здравство информира дека седуммина од жртвите минале со полесни повреди, а другите тројца имаат исеченици и посериозни повреди и се пренесени на лекување во Военомедицинската академија во Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top