| четврток, 6 декември 2018 |

Продукциска куќа од Јапонија снима филм за Македонија

филм 2
Јапонска продукциска куќа почна со снимање филм за Македонија. Како што пренесува „Охридњуз“, филмот ќе биде со познатиот јапонски актер Seiichi Tanabe.

Филмот за Македонија ќе биде емитуван на јапонската телевизија „FUJI“ прикажувајќи ја нашата земја како неоткриена туристичка дестинација која е потребно да биде посетена од јапонските туристи.

филм

– Снимањето на документарно-играниот филм почна на 29 јули 2014 година и досега опфати повеќе локации низ Македонија познати по својата убавина, историја, археологија, локални специјалитети, туристичка понуда и природни убавини – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Оттаму нагласуваат дека нивните служби во континуитет работат на организирање, поддржување и реализација на проекти кои ја промовираат Македонија на светскиот туристички пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top