Нема промена и во проекцијата за 2015 година кога се очекува забрзување на растот и достигнување на нивото од 4,4 проценти. Се оценува дека дел од инвестициските и потрошувачките одлуки на економските субјекти ќе бидат финансиски поддржани преку банкарски кредити. По растот на кредитите од 6,4 отсто во 2013 година, во следните две години се укажува на негово забрзување со што тој раст би достигнал 7 отсто и 8 отсто, соодветно. Овие проекции, како што стои во извештајот, се условени од остварувањето на претпоставките за економско закрепнување и раст на девизните приливи во економијата во следните две години.
На кредитниот пазар, според извештајот, банките обезбедуваа финансиска поддршка на реалниот сектор во првото тримесечје. При подобрени согледувања и очекувања, доволни извори за финансирање и солидни фундаменти, растот на банкарските кредити забрза, а нивото на кредитите беше над очекуваното, наведуваат од НБРМ.
Во овој период банките ја задржаа политиката на поактивна кредитна поддршка и на корпоративниот сектор, присутна од крајот на претходната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



