| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ќе спречува геноцид во Ирак за да ги заштити американските интереси

obama-immigration-1

Американскиот претседател, Барак Обама, изјави дека дал зелено светло за воздушни напади во Ирак за да се избегне геноцид.

– Треба да дејствуваме одговорно и внимателно за да се избегне геноцид над малцинствата – рекол Обама во Белата куќа. Ако муџахедините тргнат кон Ербил, ќе се соочат со напади, предупреди тој и додаде дека светот е соочен со ситуација во која невини жртви страдаат од страшни насилства.

– Не можеме да го одвраќаме погледот – рекол Обама.

Во Каракош милитантите од ИСИС ги зазедоа позициите на курдските сили. Понатамошното нивно напредување може да ја загрози Ербил, каде што има американски интереси, рекол Обама.

Тој, исто така, дозволил хуманитарно исфрлање храна, вода и лекови од авиони во Ирак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top