Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е прогласен за маж во најдобра форма.
Во најновиот број на списанието “Man’s Health” Кристијано откри зошто смета дека е важно да се биде во добра форма.
Кога го прашале која е тајната на неговото извајано тело и совршени стомачни, Кристијано изјави дека неговата добра форма не е поврзана само со естетиката.
– Целото тело ми е затегнато, бидејќи постојано вежбам и се трудам секогаш да сум во форма, не поради фотографирање и демонстрација, туку поради мојата работа, поради фудбалот. Во форма сум поради моето здравје и сила за да останам на врвот во текот на целата сезоната на натпреварите. Никогаш не се концентрирам на еден дел од телото. Редовно вежбам, па дури и психички, бидејќи психата е најважна во нашата работа – изјави фудбалерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Кристијано Роналдо: Не застанувам тука, сакам уште три деца



