Дека законите и правилата важат за сите, доказ се овие фотографии кои ги направи порталот Шеталиште.мк.

Пејачката Каролина Гочева изгледа заборави дека и во Битола функционира зонското паркирање и дека за истото мора да плати, за да го остави својот автомобил на места кои веќе се под надлежност на Градски паркинзи.
Паркирајќи го својот автомобил таа или заборавила да прати СМС порака или мислела дека набрзо ќе зaмине, па си заработи блокада на тркалото.

А вработените во Градски паркинзи како и секогаш без разлика за кој станува збор, својата работа си ја вршат беспрекорно. И покрај тоа што јасно се гледа и знаеле дека станува збор за автомобилот на македонската ѕвезда тие сепак својата работа си ја извршија професионално. За неплатен паркинг Каролина си заработи блокада на тркалото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


