Милан во последниот натпревар на американската турнеја успеа првпат да победи во натпреварот против мексиканскиот тим Чивас Гвадалахара со 3-0.
Тренерот на „росоњерите“, Филипо Инзаги, може да биде задоволен од способностите на неговите играчи по катастрофалниот ефект на турнирот „Гинис“, на кој ги загубија сите натпревари.
Во овој натпревар настапи и новиот играч на миланезите, Жереми Менез, кој покажа дека ќе биде одлично засилување за седумкратниот европски шампион.
Стрелци на головите беа Нијанг, Балотели и Пацини. Сите тројца конкурираат за првиот состав на Инзаги.
По овој натпрвар во Хјустон, Милан се враќа во Италија каде што ќе ги продолжи подготовките. До почетокот на Серија А, Милан ќе одигра пријателски натпревар со Валенсија на „Месталја“, ќе учествува на Тим купот и ќе одигра по едно полувреме со Јувентус и со Сасуоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



