| четврток, 6 декември 2018 |

Следната недела ќе има првични резултати за авионската несреќа во Украина

авион украина
Првичните резултати од истрагата за причините на несреќата со малезискиот патнички авион во украинската област Донецк ќе бидат готови следната недела – изјави денеска малезискиот министер за транспорт, Лиу Тионг Лај.
– Сите првични информации ќе бидат готови следната недела и се надевам ќе можеме да ги објавиме – истакна Лај.
Тој нагласи дека под раководство на холандски експерти веќе се одржала средба во врска со првите резултати од истрагата.
– Собирањето информации на местото на несреќата ќе продолжи, но најважното што ќе овозможи да се утврди како се случил инцидентот, е информацијата од црните кутии – додаде министерот.
Претходно, малезискиот министер за внатрешни работи, Ахмад Захид Хамиди, изјави дека меѓународните експерти успеале да ги соберат повеќе од половината материјални докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top