На српскиот граничен премин „Прешево“ бил спречен шверц на 36 килограми еспресо кафе, во патнички автомобил со македонски регистарски таблички.
Во деталната контрола на автомобилот „опел астра“, цариниците и полицајата пронашле 36 пакувања од по еден килограм еспресо кафе, јавува „Танјуг“.
Дваесет и девет килограми од стоката биле сокриени во личниот багаж, а седум килограми во просторот околу моторот.
На прашањето на цариникот што ќе му е толкава количина на кафе, Македонецот рекол дека кафето им го носи на роднините во Прешево како подарок.
Бидејќи станува збор за царински прекршок, македонскиот државјанин е казнет со парична казна од 30.000 динари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


