| четврток, 6 декември 2018 |

Путин воведе санкции и кон Црна Гора

Со руската едногодишна забрана за увоз на одредени земјоделски и прехранбени производи од земјите кои наложија санкции кон Русија или ги поддржаа, на удар ќе се најде и Црна Гора, која даде поддршка на санкциите воведени кон Москва поради конфликтот во Украина, јавија црногорските медиуми.

vladimir-putin-000_DV1577509-2013115

Министерството за надворешни работи и европски интеграција на Црна Гора најави дека „најверојатно денеска ќе реагира“ во врска со руската забрана.

Указот за одредени економски мерки што официјално вчера го потпиша рускиот претседател Владимир Путин, предвидува мерки како одговор на санкциите воведени кон Русија.

Владата на Црна Гора претходно ги поддржа заклучоците на Советот на Европската унија, со кои на 53 руски и украински државјани им е забранет влез во земјите на ЕУ и располагање со средства во членките на Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top