
Оваа мерка, како што нагласи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, дава ислучително позитивни резултати, посочувајќи дека во периодот додека таа е на важност 1.735 компании побарале вработување на 3.004 лица, од кои што 2.883 се веќе вработени. Од нив 1.390 се жени.
-Ако се земе в предвид дека мерката е на сила некаде 140 денови, доаѓаат по 20 вработувања дневно што е исклучително добар и позитивен резултат. Ова е добра можност за сите претпиемачи и бизнисмени коишто сакаат да вработат кадар да ја искористат, затоа што на тој начин ќе доведат до заштеда на своите трошоци по однос на плати во висина од 37 отсто, односно 10 проценти персонален данок и 27 проценти од придонесите и на тој начин тие средства коишто ќе ги заштедат да можат алтернативно да ги употребат во развој на својот бизнис, да остварат двострана корист и за својата компанија и за приходите коишто се остваруваат, а од друга страна и да вработат лица што е основна и приоритетна цел на Владата на Р.Македонија – истакна Ѓорѓиев.
Од вкупно вработените 2.883, најголем број се вработиле на работни места на територијата на град Скопје, односно 411 лица, 144 лица се вработиле во Струмица, а 136 во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите
-
Бесперспективност поради рецесијата: Младите масовно се иселуваат од Македонија


