| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ се откажа од Ди Марија

Првиот човек на ПСЖ, Насер ал-Келаифи потврди дека се откажале од купувањето на Анхел ди Марија од Реал Мадрид.

Ди Марија беше поврзуван со трансфер на „Паркот на принцовите“, но шеикот конечно стави точка на оваа приказна.

– Вистина е дека разговаравме со претседалот Флорентино Перез. Но, тој е прескап за нас и се откажавме од тој трансфер. ПСЖ ги прекина преговорите со Реал – изјави Ал Келаифи.

Реал Мадрид за трансфер на 26-годишниот Аргентинец побара 80 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top