| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени двајца малолетници што ограбиле црква

Седумнаесетгодишниот Г.П. и 16-годишниот Н.П. од с. Ангелци се осомничени за грабеж на црквата „Св. Спас“ во нивното село.

Струмичката полиција до Основното јавно обвинителство во Струмица достави известување за двајцата малолетници поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

Во периодот од 27 до 28 јули годинава, пријавените со употреба на сила влегле во црквата од каде што одзеле 2.000 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top