| четврток, 6 декември 2018 |

Проекција на документарен филм за св. Кирил и Методиј во Охрид

Freska_na_Sv._Kiril_i_Metodij_od_Sv._Petka_Bešička

Документарниот филм „Апостоли на Словените – двајца браќа една животна мисија“ во продукција на Чешка, Словачка, Русија и на Словенија, посветен на словенските просветители светите Kирил и Методиј, ќе биде прикажан вечерва во 21 часот во Центарот на културата „Григор Прличев“ во Охрид. Филмот е во режија на Петр Николаев, а досега беше прикажан во Чешка и во Словачка, по повод 1150-годишнината од почетоците на ширењето на словенската писменост. Филмот ги прикажува делата на големите словенски просветители, а Охрид е вистинското место што го заслужува прикажувањето на овој филм, велат од фестивалот „Охридско лето“.

Со проекцијата на филмот, градот ќе го одбележи големиот празник Св.Kлимент летен, кој се одбележува на 9 август. Продуцент на филмот е Виктор Kриштоф, кој ќе биде гостин на македонската премиера на филмот. За реализација на македонската премиера помогнаа Јован Буџакоски и Александар Глигуроски, охриѓани што 15 години живеат во Прага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top