| четврток, 6 декември 2018 |

Во прилепскиот театар хуманитарна изведба на „Многу врева за ништо“

mnogu_vreva_za_nisto_prilepski_teatar-480x317

Центарот за култура ,,Марко Цепенков“ од Прилеп вечерва, во 19.30 часот, хуманитарно ќе ја прикаже претставата ,,Многу врева за ништо“ во режија на Ива Милошевиќ. Средствата ѓтп ќе бидат собрани од влезниците ќе бидат донирани за обнова на манастирот „Трескавец“.

– Центарот за култура „Марко Цепенков“  и овој пат ја покажува својата општествена одговорност како институција вклучувајќи се во акцијата „Да го обновиме манастирот Трескавец“, покрената од Министерството за култура и од Општина Прилеп. Претходно во Центарот се одржа и големиот концерт на „Танец“.  Исто така, влезниците од овој концерт се донираат за обновата на „Трескавец“ – велат организаторите.
Купувајќи влезница и прилепчани ќе ја покажат својата хуманост, а во исто време ќе имаат можност да ја  гледаат забавната, игрива претстава со многу пресврти и надмудрувања, работена по текст на Шекспир, великанот на драмската реч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top