Две експлозии одекнале синоќа во комплексот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ кај Бит-пазар.
Обезбедувањето синоќа околу 22 часот пријавило дека слушнале две експлозии. За среќа нема повредени лица и не е причинета материјална штета.
Во пријавата на случајот, веднаш било излезено на терен од каде што се подигнати траги кои се предадени на вештачење.
Полицискиот увид продолжува и денеска.
ФОТО: Курир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




