Триесет и четиригодишниот Драган Џуриќ, месар од Белград кој живеел во Сурчин, е убиецот на 15-годишната Тијана Јуриќ, потврдил министерот за внатрешни работи на Србија. Српската полиција ги утврдила и околностите под кои се случило убиството. Така, според полицијата, несреќното девојќе прво било удрено со автомобил, потоа додека барала помош, ѝ пришол и ја фатил за врат, ја ставил во автомобилот, а потоа ја одвел во Сомбор, каде што ја убил и ја закопал.
Девојчето, исто така, било и тепано, а убиецот ѝ ја соблекол и облеката. Обдукцијата треба да покаже дали била силувана.
– За жал, се исполнија нашите најлоши сомнежи… Полицијата вчера го уапси монструмот кој го изврши ова дело… Поради ваков монструм и дело, некогаш ми е жал што Србија ја укина смртната казна – изјавил српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, и додал дека истрагата досега покажала дека убиецот немал соучесник и дека воопшто не покажал знаци на каење.
– Кога утврдивме за кого станува збор, почнавме опсервациа во доцните попладневни часови, а тој се наоѓаше во месарницата, сечеше месо, се однесуваше како ништо да не се случило. Во остатокот од денот беше забележано отсуство на какво било каење, какво било човечко однесување – рекол министерот.
Стефановиќ додал дека е даден налог да се приведе, иако не давал знаци дека е сомнителен, надевајќи се дека Тијана ќе биде најдена жива во неговиот дом.
Уапсениот е испрашан и на полиграф каде што паднал на сите прашања, а во следната обработка го признал делото и ја одвел полицијата до местото каде што го закопал телото.
– Не ја познавал претходно, немале меѓусебна комуникација, и без намера да олеснувам, не можеме да тврдиме дека ова го планирал со денови иако не велам ниту дека го подготвил убиството истиот ден – изјавил министерот.
Тој, исто така, додал дека осомничениот за свирепото убиство имал претходно помали престапи, но ништо слично на ова и додал дека станува збор за многу крупен човек, висок околу два метри и тежок сто килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија





