| четврток, 6 декември 2018 |

Здравствените власти во Грција објавија тревога поради вирусот ебола

grcija1

Здравствените власти во Грција објавија тревога поради појавата на еболата, која досега ги однесе животите на повеќе од 800 лица во африкански земји.
Тревогата беше официјално објавена по вонредното советување во грчкото Министерство за здравство со учество на претставници од центрите за контрола на заболувањата.
Властите во Грција очекуваат најнови укажувања од Женева по тридневното советување на Светската здравствена организација (СЗО).
Експерти во Атина го оценуваат како низок ризикот од пренесување на вирусот во Грција, но и покрај тоа препорачуваат да бидат преземени засилени превентивни мерки.
По појавата на ебола во реонот, на Грците им беше советувано да не патуваат во западна Африка, освен ако тоа не е апсолутно неопходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top