| четврток, 6 декември 2018 |

Потоп во Берово – наврнаа 67 литри на квадратен метар

Во изминатите 24 часа дождот владееше насекаде низ земјава, а најмногу наврна во Берово со 67 литри на квадратен метар, 32 литри во Куманово, 28 во Крушево, 26 во Скопје на Зајчев Рид, 13 во Тетово, девет во Крива Паланка, шест во Битола, по два на квадратен метар во Маврово и во Лазарополе.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд, а попладне повторно нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните и во северните делови. Температурата ќе се движи од 24 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до 30 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top