Холандија прекинува со потрага по останки од жртви во авионската несреќа во источна Украина поради безбедносни причини, изјави премиерот Марк Руте, пренесува ИТАР-ТАСС.
Руте ги поздрави досегашните напори на експертите и им вети на семејствата на жртвите дека потрагата ќе биде продолжена кога ќе има услови за тоа.
– Моментално е опасно за меѓународните експерти да се на терен поради влошената ситуација во Источна Украина. Поради тоа ја прекинување потрагата по тела и лични предмети на жртвите во авиоснката несреќа – изјави Руте.
Премиерот нагласи дека холандскиот парламент и семејствата на жртвите во несреќата се информирани за одлуката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.