| четврток, 6 декември 2018 |

Вработена во швајцарскиот парламент се сликала гола на работа, па објавувала на „Твитер“ (фото)

gola sekre1Секретарка во швајцарскиот парламент објавила на „Твитер“ фотографии на кои е гола, а се снимени на работното место. Секретарката за весникот „Ное Цурих Заитунг“ рекла дека со тоа не прекршила никаков закон ниту ги прекршила правилата за вработените во државните институции затоа што тоа е дел од нејзиниот приватен живот. Сепак, по објавувањето на сторијата, таа го избришала профилот.

sekret3

Фотографиите се снимени во нејзината канцеларија во Палатата на Федерацијата во Берн, зграда стара 162 години, каде што се сместени парламентот и владата, пишува швајцарскиот весник „Ное Цурих Заитунг“.

Unbenannt-1

Весникот не ги наведува причините зошто секретарката ги објавила сликите на социјалната мрежа. На прашањето дали размислила дека фотографиите може да ги видат нејзините колеги, таа одговорила: „Тоа не е нешто за што размислувам цело време“.

Bildschirmfoto-2014-08-06-um-12

Портпаролот на владиот оддел за човечки ресурси потврдил дека девојката била вработена во парламентот и дека по извршената проверка била суспендирана од работа. Не е јасно дали сѐ уште е на платен список или  е избркана од работа.

news-nackte00002

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top