Петнаесетгодишната Тијана е пронајдена мртва откако претходно српската полиција уапсила осомничен за киднапирањето на девојчето, кој во текот на испитувањето го признал убиството и го открил местото каде што го закопал телото.
Тијана беше киднапирана на 26 јули во местото Бајмак во Војводина, а нејзиниот убиец, кој не бил од тоа место, ја киднапирал во близина на спортскиот центар. Убиството го извршил непосредно по киднапирањето.
Полицијата за сега не го открива идентитетот на убиецот, но се тврди дека е српски државјанин. РТС објави дека станува збор за месар од Сурчин, кој тој ден бил во посета на пријател во Бајмок.
Тијана беше последен пат видена на 26 јули во 00.25 часот близу Спортскиот центар „Рата“ во Бајмок. На неасфалтираниот дел од патот се пронајдени предмети кои според изјавата на мајката му припаѓале на девојчето, а веднаш по исчезнувањето во потрагата освен српската се вклучила и унгарската полиција, Интерпол и меѓународниот сајт посветен за исчезнати деца во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија