| четврток, 6 декември 2018 |

Кристалина Георгиева кандидат за наследник на Ештон

Новата Влада на Бугарија денеска ја предложи Кристалина Георгиева за бугарски кандидат за еврокомесар и за висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ.

kristal

Како што јави БТА, образложувајќи го предлогот, шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов истакна дека Владата се решила за ваквата кандидатура бидејќи Георгиева „ужива голем углед меѓу колегите“ и бидејќи смета дека таа би била исклучително успешна на должноста висок претставник за надворешни работи и одбрана на ЕУ.

Митов нагласи дека Бугарија ќе стори се што е во нејзина моќ да обезбеди максимална поддршка од другите членки на ЕУ за кандидатурата на Геогиева, која е актуелен еврокомесар за меѓународна соработка и хуманитарни прашања.
Новиот бугарски премиер Георги Близнашки пак ги повика сите Бугари да ја поддржат Георгиева.

– Имаме силен кандидат. Се залагаме за најдобрите и ги имаме сите шанси да победиме. Евентуалниот избор на Кристалина Георгиева ќе претставува огромна чест за нашата земја, нагласи Близнашки.

Покрај Георгиева, за наследник на Кетрин Ештон на местото висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбеност, кандидати се и министрите за надворешни работи на Италија и Полска, Федрика Могерини и Радослав Сикорски.

Изборот на новите еврокомесари и на наследниот на Ештон се очекува на Самитот на  ЕУ на 30 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top