| четврток, 6 декември 2018 |

Канада воведе нови санкции кон Русија

Канадската Влада денеска воведе нови санкции против руски официјални претставници, банки и компании, поради поддршката на официјална Москва на проруските сили на истокот на Украина.

Канадскиот премиер Стивен Харпер изјави дека продолжувањето на илегалната окупација на украинскиот Полуостров Крим и провокативната воена активност на Русија на истокот на Украина и натаму многу ја загрижуваат Канада и остатокот од меѓународната заедница.

Со новата рунда канадски санкции ќе бидат опфатени највисоките претставници на руските безбедносни и разузнавачки органи, претседателот на Чеченија и неколку деловни луѓе.

На списокот на санкционирани се најдоа и неколку руски банки, авиокомпанијата „Добролет ерлајнс“, бродоградилиштето „Јунајтед шипбилдинг корпорејшн“, како и лидерите на проруските сили на истокот на Украина.

Харпер наведе дека канадската Влада е посветена и на воведувањето на неопходни мерки за ограничување на извозот на технологија што Русија ги користи во секторот истражување и експлоатација на нафтата“.

– Овие санкции ќе ги воведеме истовремено со нашите сојузници – додаде тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top