Украински државјанин вчера се удавил во водите на Црно Море во бугарскиот град Поморие, додека пливал на необезбедена плажа во близина на вилата „Вања“.
Инцидентот се случил околу 11 часот. Бугарската полиција соопшти дека станува збор за 67-годишнен украински турист со иницијали И.Г., пренесува бугарскиот сајт Блиц.
Телото е предадено на обдукција во катедрата за судска медицина во Бургас.
Пред само два дена во водите на Црно Море во Поморие се удави 53-годишниот Сергеј Вирскиј, турист од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



